Бројот на туристите во февруари намален за 6,3 отсто

Bez autora
Apr 13 2010

Бројот на туристите во февруари годинава во однос на истиот месец лани е намален за 6,3 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.9 отсто. Ова денеска го соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека бројот на туристите во февруари 2010 година изнесува 26.048, а бројот на ноќевањата 61.000. Бројот на домашните туристите во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, е намален за 5.8 отсто а бројот на странските е намален за 6.8 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, е зголемен за 19.6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 9.3 проценти. Во периодот јануари-февруари 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 14.5 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 17.8 проценти, а кај странските пад за 10.9 отсто.

Бројот на туристите во февруари намален за 6,3 отстоБројот на туристите во февруари годинава во однос на истиот месец лани е намален за 6,3 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.9 отсто.

Ова денеска го соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека бројот на туристите во февруари 2010 година изнесува 26.048, а бројот на ноќевањата 61.000.

Бројот на домашните туристите во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, е намален за 5.8 отсто а бројот на странските е намален за 6.8 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, е зголемен за 19.6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 9.3 проценти.

Во периодот јануари-февруари 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 14.5 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 17.8 проценти, а кај странските пад за 10.9 отсто.

Во периодот јануари-февруари 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 11.6 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 10.9 проценти, а кај странските има намалување за 12.6 отсто.

Бројот на странските туристи во февруари 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8.3 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.0 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik